[ВИДЕО] Бојана по шести пат заминала на сезонска работа во Хрватска, пресметката е јасна: „Зошто ми требаше ова во животот?“

Супермен

12/06/2026

20:00

1.072

Големина на фонт

а а а

Бојана Топаловиќ ја започнала својата шеста сезона на хрватското крајбрежје, а во ново видео се обидела да одговори на „редовното прашање на сите сезонски работници: Зошто ми требаше ова во животот?“.

„Знам дека звучи како многу и навистина е многу. И се прашувам зошто ми требаше сето ова“, го започнала своето видео, во кое открила дека во текот на шест сезони работела различни работи – од келнерка, водителка на смена и заменичка-менаџерка, па сè до овогодишната позиција менаџерка на ресторан.


„А каква е сезоната? Па, некој ден е ужас, а некој ден не е ужас. А тоа да ја завршиш смената и да кажеш: ’Е, денес ми беше баш добар ден на работа‘, тоа е резервирано само за луѓе кои сакаат да работат во стресни ситуации“, објаснила таа и додала дека смета оти на секоја работа има денови кога не ја сакаш својата работа и дека тоа е сосема нормално, „само стресот да не е преголем и екипата да е добра“.

Освен тоа, како што рекла пресметката е едноставна. „Платено сместување, платена храна, солидна плата. Успеваш нешто да заштедиш. Постои една реченица што многу ја сакам, а гласи: ’Не мора да ја сакаш својата работа сè додека го сакаш животот по работата, животот што ти го овозможува таа работа‘. Или, како што би се рекло кај нас: ’Ма, сè ти е тоа во главата‘“, рекла Бојана, најавувајќи уште објави за искуствата од сезонската работа во Хрватска.


Таа минатата година признала дека работата е прилично напорна и дека успева да отиде на плажа само неколку пати неделно.

„Секој кој работел сезонска работа знае колку тешко се заработуваат тие пари, а луѓето дома ти велат: ’Испрати некоја слика од море‘. Па, секако дека нема да испраќам слики од работа, од ентериерот на ресторанот. Иако објавите и фотографиите често прикажуваат една слика, реалноста не е само плажа. Има многу работа, двократни смени, одиш од втора во прва смена, а често не стигнуваш ни да отидеш на плажа. Но затоа, во деновите кога ќе успеам да отидам на плажа, навистина сум среќна, бидејќи луѓето плаќаат за да дојдат овде, а јас сум тука цело лето“, раскажала Србинката.


Инаку, Бојана поголемиот дел од годината живее во Виетнам, каде што работи како професорка по англиски јазик. По струка е археолог, а во таа азиска земја останала по патување кое поради пандемијата неочекувано се продолжило. Летните сезони, меѓутоа, не пропушта да ги помине во Хрватска, за која смета дека има едно од најубавите мориња во светот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk