7 светски музеи кои секој љубител на автомобилизмот би требало да ги посети во текот на домашната изолација

Супермен

25/03/2020

15:11

751

Големина на фонт

а а а

И љубителите на автомобили за време на епидемијата на коронавирусот поминуваат многу време во домашна изолација.

Како и на останатите, и на нив им е тешко постојано да пронаоѓаат нови занимации со кои ќе го пополнат слободното време. Доколку сте вљубеник во автомобилите, дозволете Јутјуб да ве “однесе” во некои од најзначајните автомобилски музеи ширум светот. 

1. Музејот на “Mercedes-Benz”

Овој музеј кој се наоѓа во Штутгарт, Германија, е отворен во 2006 година. Тој не се фокусира само на минатите возила на компанијата туку и на историските настани кои се случувале во тоа време. Целата виртуелна тура можете да ја погледнете тука.

2. Музејот на “Mazda”

Музејот на “Mazda” во Хирошима содржи голем број чудни моторизирани креации од минатото на компанијата како и модерни работи кои денес ги обожуваме. Во него постои просторија со сите ротациони мотори кои “Mazda” некогаш ги направила, помеѓу кои се и оние од моделите “Miata” и “787B”.

3. Музејот на “Porsche”

Јутјуб турата во музејот на “Porsche” ја погледнале повеќе од половина милион луѓе. Во него се наоѓаат сите први возила на “Porsche” до нивните тркачки автомобили и модерни модели. Барем 80 возила се изложени со неколку други помали поставки.

4. Музејот на “Ferrari” во Модена и Маранело

8-минутното Јутјуб видео ве води низ двата музеи на “Ferrari” во Италија. Првиот се наоѓа во Модена и во него може да се види домот во кој пораснал Ензо Ферари како и бројните фантастични мотори на компанијата. Во музејот во Маранело можат да се видат повеќе ретки мотоцикли, тркачки автомобили и други модерни машинерии.

5. Технолошкиот центар на “McLaren”

Оваа тура е малку поинаква од останатите бидејќи влезот во технолошкиот центар на “McLaren” не е дозволен поради разни деловни тајни. Сепак, во посебни прилики, неговите врати се отвораат за ВИП членови на клубот “McLaren”, а 19-минутната снимка за некои од нас можеби ќе биде и најблиското нешто до тоа навистина да го види овој центар. Во него се наоѓаат голем број болиди на Формула 1 и патнички автомобили, вклучувајќи и неколку специјални модели кои нема да ги видите на друго место.

6. Музејот на “BMW”

Овој музеј кој е отворен во 1973 година е еден од најпосетените компаниски музеи во Германија. Тој содржи 120 оригинални изложби, покрај патувачките изложби на голем број теми. На ова видео нема спикер ниту објаснувања, па можете да уживате само во гледањето.

7. Фабриката на “Lamborghini” и музејска тура

Музејот на “Lamborghini” во гратчето Сант'Агата Болоњезе ги прикажува 50-те години иновации на оваа компанија. Музејот има интерактивни програми и симулатори за возење, покрај стандардните изложби. Во ова видео можете да погледнете и како се произведуваат одредени делови за автомобили.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk