Дали сте прележале коронавирус, а не сте свесни за тоа? Лекар објаснува дали е возможна таквата ситуација и како да се однесувате

Точка

25/03/2020

17:25

16.077

Големина на фонт

а а а

Симптомите на вирусот Ковид-19 се со широк спектар, а бидејќи во повеќето земји бројот на тестови е недоволен, постојат луѓе кои го прележале коронавирусот, а не влегле во официјалната статистика бидејќи истиот не им бил дијагностициран.

Но, дали е можно да знаете дали сте го прележале? Одговорот на ова и слични прашања ги дал д-р Вилијам Хилмaн. 

Дали постои начин да дознаам дали сум го прележал коронавирусот?

Во овој момент не постои тест кој би го утврдил тоа. Развиваме тестови со кои би можела да се потврди претходна инфекција, но тие сè уште не се на пазарот. Единствениот начин да знаете дека навистина сте биле заразени е да сте се тестирале и да сте добиле позитивен резултат.

Дали сум можел да бидам заразен, а да не сум почувствувал симптоми?

Коронавирусот има широк спектар на симптоми. Има луѓе кои немале никакви симптоми на коронавирус, а биле заразени, има и такви кои поминале со полесни симптоми како обична настинка (течење на нос, затнат нос, болно грло), со симптоми на сезонски грип (болни мускули, краток здив, висока температура и кашлица) па сè до оние кои поради тешки симптоми морале да бидат хоспитализирани.


Колкав е процентот на асимптоматски пациенти?

Една студија од Исланд која тестирала голем дел од популацијата покажала дека околу 50 отсто од луѓето кои се тестирале и добиле позитивни резултати немале никакви симптоми.

Дали асимптоматските луѓе се заразни?

Да, голем број асимптоматски луѓе се заразни одреден период, но сè уште не се знае колку точно. Луѓето воглавно се заразни два дена пред појавата на симптоми, како и додека симптомите се видливи. Заразни се и неколку дена по исчезнувањето на симптомите – некои дури и неколку недели по повлекување на симптомите.

Дали асимптоматските лица треба да се однесуваат поинаку?

Апсолутно не. Дури и доколку верувате дека сте го прележале вирусот, придржувајте се до пропишаните мерки – изолирајте се, држете дистанца од другите и преземајте ги сите мерки кои ги препорачува вашата држава. Ако верувате дека сте го прележале вирусот, известете ги сите оние со кои сте биле во контакт во текот на претходните две недели.


Можам ли повторно да се заразам доколку сум го прележал вирусот?

Досега нема официјални докази дека некој се заразил два пати. Кога ќе го прележите, во зависност од вашиот имунолошки систем можете да изградите имунитет на вирусот одреден период, можеби околу една година, а во некои случаи дури и доживотно – заклучува д-р Хилман за “The Guardian”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг