[ФОТО] Бисери, софистицираност и дипломатски гламур: Гордана Силјановска-Давкова меѓу светската елита во Париз - на вечера кај Емануел и Брижит Макрон

Точка

12/11/2026

11:40

788

Големина на фонт

а а а

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечена вечера во раскошната Елисејска палата во Париз, организирана од францускиот претседател Емануел Макрон во чест на шефовите на држави и влади кои учествуваат на Парискиот мировен форум.

На средбата со францускиот претседател и неговата сопруга Брижит Макрон, македонската претседателка се појави во префинето и елегантно издание, во кое посебен акцент имаа бисерите, кои на целиот стајлинг му дадоа доза на класичен гламур и софистицираност. Нејзиниот избор на облека беше во духот на свечениот дипломатски настан, а фотографиите од вечерта го доловуваат елегантниот амбиент и средбите во една од најпрепознатливите претседателски резиденции во светот.


Елисејската палата, позната по својата раскошна архитектура и долгата дипломатска традиција, беше домаќин на високите гости од меѓународната политичка сцена. Вечерата претставуваше можност за продолжување на разговорите и размената на мислења во понепосредна и пријателска атмосфера, надвор од официјалните сесии на Форумот.

Во фокусот на разговорите беа некои од најважните предизвици со кои се соочува современиот свет – зачувувањето на мирот и стабилноста, актуелните геополитички случувања, заштитата на животната средина, развојот на новите технологии, како и иднината на Европската Унија.


Присуството на Сиљановска-Давкова на овој значаен меѓународен собир е дел од нејзините дипломатски активности во Париз, каде што светските лидери разговараат за можностите за соработка и заеднички одговор на глобалните прашања.

Покрај политичкото значење на настанот, вниманието го привлекоа и свечените изданија на присутните дами, а фотографиите од вечерта понудија увид во атмосферата на дипломатската средба во срцето на француската престолнина.


„Со задоволство вчеравечер, во Елисејската палата, присуствував на свечената вечера што во чест на шефовите на држави и влади ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, кој е иницијатор на Парискиот мировен форум.

Во пријателски амбиент, разговорите од Форумот продолжија, со осврт на дел од темите за коишто дискутиравме: мирот и геополитиката, животната средина и новите технологии, како и иднината на ЕУ“, напиша македонската претседателка.