Изолацијата за него не претставува проблем: Погледнете со каква “бомба” асот на Јувентус ги поминува деновите

Супермен

27/03/2020

11:53

6.111

Големина на фонт

а а а

Животот повеќе не е ист како пред неколку недели бидејќи поголемиот дел од луѓето седат дома и смислуваат разни начини како да се справат со здодевноста.

Сепак, постојат и такви на кои здодевноста им е непознат поим, а еден од нив е и крилниот фудбалер на Јувентус – Даглас Коста. Тој неодамна доби дозвола од Јувентус да замине од Италија во родниот Бразил по 14-дневниот карантин во кој се утврдил дека не е позитивен на коронавирус. 

И додека повеќето луѓе го поминуваат своето време во 50 или 100 квадратни метри, според фотографиите кои Коста ги објавува на своите профили можеме да забележиме дека ја има таа привилегија да поседува огромен имот кој освен куќа подразбира и базен, природа, вештачко езеро...

А кога на сиот тој комфор ќе ја додадеме и сексапилната Наталија Феликс покрај него, тогаш е јасно дека изолацијата за него не е никаков проблем. Освен тоа, нема никакви обврски како што се напорните тренинзи, постојаните состаноци, бројните маркетинг обврски...


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk