Реал се согласил да се ослободи од една од клупските легенди, Јувентус подготвува понуда

Дерби

27/03/2020

12:17

1.446

Големина на фонт

а а а

Јасно е дека во Реал Мадрид и ова лето ќе следи одреден ремонт на тимот кој и сезонава не ги прикажува игрите кои се очекуваат од клубот.

Шпанските медиуми пишуваат дека во овој преоден рок би можел да се стави крај на една долга, 13 годишна врска помеѓу Марсело и Реал Мадрид.

Имено, 31 годишниот Бразилец кој во Реал е од 2007 година би можел да си оди од клубот и кариерата да ја продолжи во редовите на Јувентус. Вакви најави имаше и минатата сезона, но тогаш трансферот не се реализира, па Марсело остана во „кралскиот клуб“.

Сега откако стана јасно дека Ферланд Менди е преферирана опција на Зидан кога ќе е здрав, Марсело се подготвува да си замине од клубот. Неговиот договор истекува во 2022 година, па од Реал Мадрид нема да му прават многу проблеми и биле согласни да го пуштат да си оди ова лето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг