Најдолговечното комби на светот го слави својот 70-ти роденден

Супермен

27/03/2020

16:05

1.486

Големина на фонт

а а а

Volkswagen во изминатите 7 децении продал над 13 милиони примероци од ова мултифункционално возило.

Volkswagen Transporter се менуваше низ своите 6 генерации, но секако најпрепознатлива е верзијата од 60-тите години на минатиот век која најчесто се поврзува со хипи културата. 

Првиот Transporter бил рачно изработен во 1949 година, а сериското производство на моделот кој ја носеше фабричката ознака Type 2 започнало на 8 март 1950 година во Волфсбург.


За погон бил употребен 1.1-литарски мотор со 25 коњски сили кој на возилото му овозможувало доволно сила да превезе 8 лица. Со отстранување на задните два реда седишта се добивал простор и за превоз на товар, па со тоа Type 2 бил користен и како трговско возило.


Големата потрошувачка на ова возило го натерал Volkswagen после неколку години да отвори посебна фабрика во која се изработувал исклучиво VW Type 2.

Романтичната претстава за комбито настанала во текот на 60-тите години на 20-тиот век кога го освоиле и присвоиле пред сè младите во развиените западни земји. Како симбол на хипи културата, тие го користеле како превозно средство, но и како дом на тркала.


Првата и втората генерација на моделот Type 2 одамна се автомобилски класици, а по 70 години и 13 милиони произведени возила, името Transporter сè уште е присутно во гамата на Volkswagen низ актуелната шеста генерација.

Низ историјата, овој автомобил се произведувал под разни имиња, па така во зависност од пазарот бил познат и како Kombi, WV Bus или Microbus.


Сегашната, шеста генерација се појави во 2015 година, а истата во 2019 година беше стилски освежена под ознаката Т6.1.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk