Русија на чекор од спасување на светот – направиле три препарати кои би можеле да ја лечат инфекцијата Ковид-19

Точка

30/03/2020

10:01

7.466

Големина на фонт

а а а

Како што тврди потпретседателот на „RAN“, овој препарат исто така е подготвен за понатамошни испитувања кои што треба да се направат, пред истиот да биде ставен во употреба.

Во Русија со учество на експертите од Руската академија на науките и уметности (RAN), направени се три препарати кои што потенцијално можат да се применат за лечење на инфекција предизвикана од коронавирусот, изјавил потпретседателот, шеф на одделението на медицинско-биолошките науки RAN, академикот Владимир Чехоњин.

Научникот потсетил дека пред неколку години на Институтот за органска синтеза „Постовски“ при уралскиот RAN направен е антивирусен препарат триазавирин, кој сега ги заинтересирал кинеските експерти во поглед на можноста за примена во лечење на Ковид-19.

„Моментално е подготвена посебна, инхалациска форма од овој препарат која што може да се користи исклучително за лечење на респираторни вирусни инфекции. Сигурен сум дека ќе биде погоден за лечење на коронавирусот. Лекот веќе е подготвен за тестирање во специјализирани установи“ – истакнал Чехоњин.


Освен тоа, институтот за синтеза заедно со московскиот институт за органска хемија „Зелински“, направиле ефикасна и компатибилна шема на синтеза за антивирусниот препарат фавипиравир кој претходно бил направен во Јапонија за лечење на инфекција предизвикана од таканаречени РНК-вируси во кои припаѓа и сегашниот Ковид-19.

„Што се однесува до фортепренот, ги помина сите фази на клинички испитувања, односно беше тестиран и на луѓето. Овој препарат моментално е во фаза на регистрација, а потоа ќе може да почне да се тестира неговата ефикасност во борбата против Ковид-19“ – истакнал потпретседателот на RAN.

Не пропуштајте: Русите направија препарат за лечење на коронавирусот!




Спонзорирани линкови

Маркетинг