Бил Гејтс во февруари му открил на Надал какво ‘зло нè чека’ – само една работа може да нè спаси од коронавирусот

Супермен

03/04/2020

15:05

5.637

Големина на фонт

а а а

Тони Надал, чичкото на тенисерот Рафаел Надал, отворено зборувал за неодамнешната средба на тенисерот со Бил Гејтс и нивниот разговор за коронавирусот.

Тони открил дека еден од најбогатите луѓе на планетата на Надал му зборувал за тешката ситуација во која што се нашла Кина.

„Кога мојот внук играше во Јужна Африка во февруари, се сретна со Бил Гејтс кој што тогаш му кажал што се случува во Кина и колку работите ќе станат покомплицирани. Не знам, дали човештвото после ова ќе се смени, но очигледно дека луѓето брзо забораваат и потребно е да се размисли малку повеќе за некои работи“ – изјавил Тони Надал за радиото „Onda Sero“.

„Ќе биде тешко сè додека не најдеме вакцина или лек. Дотогаш нè чека неизвесна опасност со борбата со вирусот. Најважно е да ги сочуваме животите, а гледам дека во многу земји политичарите неуспешно се борат со тоа. Мора да го исфрлиме фанатизмот кој што е еден од најголемите зла на денешницава. Проблемот со полтиката е тоа што политичарите се поважни од научниците и експертите. Мислам дека политичарите овојпат мора да престанат да го имаат главниот збор во борбата“ – изјавил Тони.


Тони Надал изјавил дека не бил изненаден од одлуката за одложувањето на Вимблдон и останатите турнири, затоа што моментално како што вели тој тенисот не е најважната работа.

„Немам желба за тенис во овој момент. Ќе има време и за Вимблдон и за турнирите во Мајорка, тоа не ме загрижува, ме загрижува што многу луѓе умираат“ – изјавил Тони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk