Оваа богата колекција со ретки автомобили на „Porsche“ и „Ferrari“ ќе ве остави без зборови...

Точка

04/04/2020

16:55

6.083

Големина на фонт

а а а

Ова царство на суперавтомобили кое што ретко може да го видите, веројатно претставува една од најголемите приватни колекции на „Porsche“ и „Ferrari“.

Една восхитувачка приватна колекција на супер и хиперсуперавтомобили неодамна е достапна за јавноста, па оние кои што живеат во Мајами и неговата близина можат да видат за какво богатство станува збор и кои раритети таму се наоѓаат.

Еден од првите автомобили кои што може да се види на снимката која што ја направил јутјуберот Shmee150, е еден од само 10-те произведени прмероци на автомобило Apollo IE.

Само неколку од овие автомобили се испорачани до нивните купувачи, а примерокот од оваа колекција наречен е IKONICK и е во портокалова боја.

Потоа може да забележиме три специјални верзии на Porche, 959, Carrera GT и 918 Spyder.

Во колекцијата се наоѓа и автомобилот Maserati MC12, во модифицирано издание, модифицирано Lamborghini Aventador SV, McLaren P1, Ford GTX1, Sallen S7 Twin Turbo, Dodge Viper ACR, McLaren Senna со посебни компоненти на каросерија.

Во колекцијата има и неколку Ferrari автомобили меѓу кои се истакнуваат Enzo и црн LaFerrati.

Погледнете го видеото и останатите модели на скапоцени автомобили:



Спонзорирани линкови

Маркетинг