“Bitcoin Pizza Day”: На денешен ден едно младо момче за првпат плати пица со биткоин

Супермен

22/05/2020

23:20

3.798

Големина на фонт

а а а

Денес голем број биткоин рудари го одбележуваат таканаречениот “Bitcoin Pizza Day”. Што се случи на тој 22 мај?

Ласло Ханјец од Џексонвил, на 18 мај 2010 година објавил барање на сајтот “bitcointalk.org” дека е спремен да ѝ плати 10.000 биткоини на личноста која за него ќе нарача две пици. Според проценката на Ханјец, биткоинот во тоа време вредел околу 0,003 долари.

Било потребно 2 дена некој да ја прифати понудата. Џереми Стурдивант, тинејџер од Калифорнија испратил две пици од “Papa John’s” на адресата на Ханјец, кој ги добил своите пици за 30 долари односно за 41 долар во време на реализација на трансакцијата. Така изгледало првото купување со биткоин.


Но, за жал прекрасната приказна за првото користење на биткоините како платежно средство брзо се трансформирала во приказна за денешната парична вредност на тие пици.

Иако тоа не беше толку одамна, пред само 10 години, цената на биткоинот повеќепати се зголемуваше. Меѓутоа, нема смисла да го разгледуваме случајот надвор од контекстот на времето и ситуацијата. Тогашната вредност на биткоинот била околу 0,003 долари и не постоела индиција дали цената ќе расте или опаѓа. Тоа беше само почетокот на животот на биткоинот. Со плаќањето, биткоинот станал она што, помеѓу другото, и треба да биде – пари.


За нешто да стане пари, за што и бил создаден биткоинот, тоа мора да биде платежно средство, мора да служи за чување на вредност и да биде мерка за вредност. А купувањето на пицата била првата ситуација во која биткоинот бил искористен за плаќање на комерцијален производ. “Bitcoin Pizza Day” е всушност денот кога за првпат бил платен некој производ со оваа криптовалута и тоа е она што е најважно. Денес сме во ситуација да го користиме биткоинот за чување на вредност отколку за плаќање, па оттаму и постојаното споредување на цената.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk