Тука секој би ја купил – современата верзија на култната “четворка“ постои во Јапонија и вреди “само“ 11.000 евра

Супермен

27/05/2020

19:32

4.134

Големина на фонт

а а а

Современиот „Renault 4“ во јавноста се појави пред околу 10 години, по заслуга на јапонската компанија „DAMD Styling Effect“, позната по својот „body kits“ – пакет за различни модели.

Кога на почетокот на 2000-та година, големите произведувачи лансираа ретро верзии на славните модели автомобили, љубителите на автомобилизмот со нетрпение очекуваа и „Renault“ да понуди модерна интерпретација на легендарната ‘четворка’.


Иако постоеше дизајн на модерната верзија, таа никогаш не се појави на фабричките ленти.

А можеби и се појавила, само што не во режија на францускиот произведувач. Современиот „Renault 4“ се појави пред околу 10 години.

Можеби ќе звучи малку неверојатно, но за основа на модерната ‘четворка’ послужил „Suzuki Alto Lapin“, претставник од Јапонија.


Тоа се мали градски модели чија должина не смее да биде поголема од 3.4 метри, за да им биде олеснета мобилноста во метежот на градските улици.

За само 2.950 евра доплата се добива модерна интерпретација на „Renault 4“ со јапонска техника, која што ја покренува троцилиндричен турбобензинец од 657 кубици и 64 коњски сили.


На сето тоа треба да се додадат околу 8.000 евра, колку што чини „Suzuki Alto Lapin“, што значи дека јапонскиот „Renault 4“ вкупно чини околу 11.000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk