Хаос во Хрватска по вчерашното куп полуфинале: Соиграч на Велковски нападнат од играч на Осијек

Дерби

01/06/2020

12:58

951

Големина на фонт

а а а

Тимот на Ријека на навистина контроверзен начин се пласираше во финалето на хрватскиот куп откако со 3:2 славеше против тимот на Осијек.

Гостите имаа предност од 2:0, но Ријека со три погодоци во вториот дел успеа да направи целосен пресврт и со тоа да се пласира во финалето од куп натпреварувањето.

На овој натпревар шанса за настап доби и нашиот Дарко Велковски кој го одигра воторото полувреме за тимот на Ријека.

Се чини дека Ријека до победата стигна со голема помош на судиите кои најпрво исклучија еден играч на Осијек, за потоа да покажат и на белата точка во една доста сомнителна ситуација.

Тоа ги натера фудбалерите на гостинскиот клуб да се нафрлат на главниот судија Игор Пајац по крајот на натпреварот, а видливо беше и кошкање меѓу самите фудбалери.

Инцидентот својата кулминација ја имал пред стадионот, на паркингот кога фудбалерот на Осијек, Ерос Грезда со тупаница го удрил Антонио Чолак, стрелецот на вториот погодок за Ријека.

По овој инцидент поголема ескалација спречила полицијата која морала да реагира и да ги смирува разлутените фудбалери на Осијек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг