Оливер Кан со својот последен коментар ги разочара фановите на Баерн Минхен

Дерби

01/06/2020

14:11

759

Големина на фонт

а а а

Членот на одборот на Баерн Минхен и иден извршен директор на клубот, легендарниот Оливер Кан навести дека клубот можеби нема да направи ниту еден трансфер ова лето.

„Баварците“ долго време се поврзуваат со ангажман на Лерој Сане од Баерн Минхен, а се поврзуваат и со уште неколку други имиња.

Како што најави Кан, поради кризата предизвикана од коронавирусот постои голема веројатност, не само Баерн Минхен,туку и другите клубови да бидат помалку активни на трансфер пазарот.

– Неносењето на нови засилувања може да биде опција и ние во моментов ги разгледуваме сите можности. Не знам за вас, но јас немам забележано некој од големите европски клубови да стави се на картата на трансфер пазарот во моментов.

– Мора да направиме нешто и со цената на веќе присутните во клубот, менаџирањето е многу тешко во професионалниот фудбал.

– Ако приходите се намалат, а трошоците за вработените останат исти, а некои договори се продолжат тоа не е за потценување. Затоа работите треба да се гледаат внимателно и на крај да се донесе конечна одлука, - потенцираше Кан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг