Му се заканува исчезнување под вода – аеродромот изграден на вештачки остров до кој води 3.750 метри долг мост

Супермен

22/06/2020

14:52

2.345

Големина на фонт

а а а

Еден од најголемите предизвици на инженерите била изградбата на вештачки остров и аеродром кој што може да им одолее на потресите на ова подрачје како и на многубројни циклони.

Меѓународниот аеродром Кансаи е архитектонско чудо. Сместено е на вештачкиот остров кој што е долг 4 километри и широк околу 2.5 километри, а се наоѓа сред заливот Осака во близина на најголемиот јапонски остров Хоншуа.


Поради недостаток на простор Земјата на изгрејсонцето, но и за да ја намалат оптеретеноста, Јапонците почнале да го градат вештачкиот остров во 1987-та година, а потоа и аеродромот, а веќе седум години подоцна на него слетале големи патнички авиони.


Во неговата изградба вложени биле милион кубни метри материјали кои што биле донесени со осумдесет бродови, а во тоа учествувале околу 10.000 работници.

„Кога Кансаи бил граден, инженерите веројатно не размислувале за глобалното затоплување. За 50 години, аеродромот би можел да биде целосно под вода“ - тврди Стеуард, професор по воздушна технологија при Универзитетот Пурдуе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk