Го нарекуваат “мексиканскиот Меси” – 15-годишниот Лука го распамети фудбалскиот свет

Супермен

25/06/2020

18:43

1.637

Големина на фонт

а а а

Суперталентираниот везист на Мајорка, Лука Ромеро, вчера влезе во историјата на шпанската Ла Лига откако стана најмладиот дебитант во ова натпреварување.

Со 15 години и 230 дена, популарниот “мексикански Меси” го сруши рекордот стар 80 години, кој пред него го држеше Франсиско Бао Родригез - Сансон. Тој во дресот на Селта Виго дебитираше на 15 години и 255 дена, во мечот против големиот Реал Мадрид. 

Лука е бисер на Мајорка, а помошниот тренер Дани Пендин има само пофални зборови за ова 15-годишно момче.

“Лука е левоног, брз е, паметен, разигран и конкурентен. Тој е прототип на аргентинската десетка. Го забележавме кога имаше само 12 години, но не сакавме да го турнеме прерано бидејќи треба да се грижиме за него. Го гледавме како игра, правеше неверојатни работи со топката, но физички не беше во целост пораснат и можеше да има проблеми доколку започнеше прерано да игра со играчите од Првата лига”, изјавил Пендин и додал:

“Денес кога го гледаме, кога ги гледаме неговите стапала, неговото тело, гледаме дека започнува да се формира. А фактот дека и неговиот татко е фудбалер му помага во голема мера”.

Интересно е тоа што Ромеро има 3 државјанства: мексиканско, аргентинско и шпанско.


Тој е роден во Мексико во 2004 година, каде неговиот татко во тој момент играл фудбал. Родителите се со потекло од Аргентина, па затоа има аргентински пасош, а добил и шпанско државјанство бидејќи од 2007 година живее во таа земја.

Прекарот му е “мексиканскиот Меси”, но Лука одлучил да игра за Аргентина. Веќе одиграл еден меч за У17 репрезентацијата на Гаучосите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk