“Никогаш не го гледав мојот татко само како ‘најголем возач’”: Низ светот одекнуваат моќните зборови на синот на Шумахер

Супермен

30/06/2020

10:11

3.798

Големина на фонт

а а а

Мик Шумахер, наследник на ненадминливиот шампион на Формула 1, објаснил каква е ситуацијата во славното семејство.

Наследникот на познатиот Михаел Шумахер, за чија состојба не се знае речиси ништо уште од тешката несреќа која ја доживеа на скијање кон крајот на 2013 година, напишал отворено писмо за славниот татко. 

“Тој на прво место отсекогаш беше мој татко. Лекциите и советите кои ги добив од него не ги земам здраво за готово. Еден од нив е никогаш да не бидам премногу еуфоричен или премногу депресивен”, напишал Мик, кој заедно со сестрата Џина Марија и мајката Корина отсекогаш биле центар на светот за Михаел Шумахер.

“Многу рано сфатив дека сакам да бидам возач на Формула 1, да бидам шампион. “Скокнав” во картинг кога имав само 3 години, на 8 се натпреварував на национално ниво. На 11, 12 години веќе знаев дека сакам професионално да се занимавам со трки”, пишува Мик, кој не дозволил да го вознемири товарот од славното презиме.


“Користев разни различни имиња, се тркав анонимно за да докажам дека не сум татин син. Јас разбирам сè, мојот татко е петкратен последователен шампион во Формула 1 во годините по моето раѓање. Тоа е прилично неверојатно, зарем не? Но, јас никогаш не го гледав мојот татко само како “најголем возач на светот”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk