Овие 5 директори си ја намалиле платата на 0 долари за да им помогнат на своите вработени

Супермен

02/07/2020

11:11

1.341

Големина на фонт

а а а

Можеби сме навикнати да живееме во свет во кој најмногу “страдаат” оние на дното на скалилото – работниците со просечни или ниски примања.

Меѓутоа, некои компании се погрижиле нивните вработени да не ја почувствуваат или минимално да ја почувствуваат кризата предизвикана од Ковид-19. 

За споредба, во САД во текот на корона кризата двојно повеќе работници примиле намалена плата во однос на Големата депресија. Во согласност со тоа им било намалено и работното време, па воглавно имале слободни петоци. Според актуелните податоци, најмалку 4 милиони работници вработени во приватниот сектор се соочиле со помала заработка во изминатиот период.


Повеќе од 6 милиони работници биле приморани да работат со скратено работно време, но тоа не им се допаднало бидејќи подобро е да работат и да имаат пари во време на криза отколку обратно.

Намалувањата отприлика изнесувале од 720 на 576 долари неделно, разлика која се чувствува на месечно ниво. Сепак, многу директори решиле да се откажат од својата заработка за да не трпат нивните вработени.

Ед Бастијан, извршен директор на “Delta Air Lines”, кон средината на март се одрекол од својата плата во наредните 6 месеци за да ја сочува финансиската стабилност на компанијата.

Оскар Муњоз, извршен директор на “United Airlines” кој е сега на мета на критики поради полните авиони, си ја намалил платата на 0 долари, но истовремено ги “замрзнал” сите вработувања и оформил програма за доброволно отпуштање.


Арне Соренсон, извршен директор на “Marriott”, одлучил да ги стопира сите планирани иницијативи за хотели за 2020 година, суспендирал нови вработувања, но и се откажал од својата плата. Неговиот најблизок тим заработува само 50 отсто од целосната сума.

Лоренс Калп, извршен директор на “General Electric” ги известил вработените веднаш на почетокот на кризата за идните случувања: компанијата морала да отпушти околу 10 отсто од работната сила, а Калп се откажал од заработката за компанијата да ја преброди 2020 година.

Боб Чапек, кој од неодамна е извршен директор на компанијата “Disney”, зема само 50 отсто од својата плата додека шефот Боб Ајгер се откажал од целосната заработка. Од април, на сите вработени на повисоките позиции им биле намалени примањата за 20 до 30 отсто.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk