Ова е најсигурната лимузина на светот: Откриени непознати детали од производството на автомобилот на Владимир Путин

Супермен

07/07/2020

14:15

5.899

Големина на фонт

а а а

Најсигурната лимузина на светот долга е 6.62 метри и велат дека може да издржи и помал нуклеарен удар.

Лимузината во која што се вози рускиот претседател Путин специјално е развиена за таа намена.

Русите во целиот тој проект, како што тврдат, вложиле 400 милиони долари.

Лимузината „aurus senat“, како што пренесуваат американските новинари, е многу побезбедна од онаа во која што се вози Трамп.

Сепак, малку се знае за оваа лимузина. Степенот на блиндираност е тајна баш како и многу други карактеристики на возилата.

Тврдат дека може да издржи ракетни напади, па дури и помал нуклеарен удар.

Во опремата има и резерва кислород и уште многу други работи за кои што јавноста не знае.

Се прави и цивилна верзија која што ќе чини од 250.000 долари нагоре.

Постојат две верзии, основната има ознака „S600“, меѓуосовинско растојание од 3.300 милиметри и должина од 5.630 милиметри.

Другата има ознака „L700“, долга е 6.620 милиметри, баш како и претседателската лимузина.

Под хаубата има 4,4 литарски Би-турбо мотор со 8 цилиндри кој што развива околу 530 KS произведени од „Porsche“ и вртежи од 880 Nm.

Автомобилот има хибриден погон што значи дека располага и со електромотор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk