Тежел 320 килограми, а докторите му рекле дека нема да ја доживее 40-та година – денес е друг човек

Супермен

23/07/2020

12:55

2.478

Големина на фонт

а а а

Кога имал 31 година, Сал Парадизо од Флорида сфатил дека мора да го промени животот од корен доколку воопшто сака да живее. Во тој момент тежел неверојатни 317 килограми, а докторите му рекле дека ако продолжи со тоа темпо, нема да го доживее 40-от роденден.

Парадизо буквално живеел од брза храна и дневно внесувал околу 10.000 калории. За споредба, дневниот просек за еден возрасен маж е околу 2500 калории. 

Неговите проблеми со тежината започнале уште во тинејџерските денови, а веќе на 17 години имал 150 килограми.


“Во 2014 година решив дека морам да променам сè. Се распрашував за операција која би ми помогнала да го отстранам вишокот килограми, но прво ми рекоа дека морам да ослабнам. Ја исфрлив брзата храна и газираните сокови од исхраната и прејдов на оброци од 1200 до 1500 калории на ден. На почетокот беше неверојатно тешко да се промени буквално целиот живот”, објаснува Сал.


Тој започнал да посетува теретана и редовно пливал, а кон средината на 2015 година имал 247 килограми. До летото 2016 година стигнал до тежина од 190 килограми и тогаш се подложил на операција.


По хируршки пат му била намалена големината на желудникот за 75 отсто. Бидејќи веќе изгубил половина од претходната тежина, огромен проблем станал вишокот кожа која просто висела од него. Кон почетокот на 2018 година имал 3 операции со кои од надлактиците, стомакот и нозете му биле отстранети 17 килограми кожа.


Кон почетокот на оваа година, Сал стигнал до тежина од 90 килограми. Во меѓувреме, “качил” некои 10-тина килограми, но како што вели, тоа е идеалната тежина за него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk