Во овој мирен и живописен град ''родена'' е злогласната психоделична дрога – LSD

Супермен

04/08/2020

14:55

1.673

Големина на фонт

а а а

На 19-ти април 1943-та година одлучил на себе да го тестира неговото влијание. Консумирал 250 микрограми, се качил на велосипед, се упатил дома и тогаш почнал да се чувствува необично.

Верувале или не, психоделичната дрога, поточно LSD-25, ''родена'' е во Базел - Швајцарија.

Зад тоа откритие стои швајцарскиот хемичар Алберт Хофман кој што во текот на 30-те години на минатиот век бил вработен во фармацевтско-хемиски оддел во компанијата „Sandoz Laboratories“ во Базел.


Алберт работел на синтеза на активни состојки од халуциногени печурки за повеќекратна употреба во фармацевтската индустрија.

Екстрахирал и синтетизирал лисергична киселина, па целосно случајно открил психоделични својства LSD, кога мала количина му продрела низ кожата.

На 19-ти април 1943-та година тој одлучил на себе да го тестира нејзиното влијание. Зел 250 микрограми, се качил на велосипед, па се упатил дома - тогаш почнал да се чувствува необично.

„Калеидоскопски, фантастични слики се појавуваа пред мене, наизменично, разнобојно, се отвораа, а потоа се затвораа во кругови и спирали, експлодирајќи во обоени фонтани...“ - напишал Алберт подоцна во својата книга „LSD - My Problem Child“.

„Секоја акустична перцепција, како звук или пак автомобил во минување, се претвораше во оптичка перцепција. Секој звук создаваше живопис од променлива слика, со сопствен облик и боја“.


Продолжил да го истражува психоделичното влијание, па потоа LSD ја класифицирал како забранета дрога, откако во 60-те години на минатиот век почнале да ја злоупотребуваат децата.

Имено, Хофман цврство верувал во употребата на LSD во психоанализата, но се согласувал дека треба да се применува во контролирани услови.

Инаку, Базел е втор најголем град во Швајцарија. Сместен е покрај крајбрежјето на реката Рајна, а се гордее со најстариот универзитет во Швајцарија.

Денес само ретките знаат и паметат дека таму првпат била создадена, но и тестирана LSD



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk