Во оваа земја со над 2 милиони заразени луѓе од Ковид-19, здравствените работници работат за плата од 40 долари

Супермен

07/08/2020

20:12

1.991

Големина на фонт

а а а

Над 3.5 милиони здравствени работници во Индија денес го започнаа двонеделниот штрајк, барајќи поголеми плати и подобра заштитна опрема за време на пандемијата коронавирус.

Штрајкот започнал еден ден откако земјата забележала рекорден дневен пораст на бројот на новозаразени, а вкупниот број на заразени од коронавирусот во Индија надмина 2 милиони.

Секретарот на Центарот за трговски синдикат А. Р. Синду изјавил за „Ројтерс“ дека досега во Индија починале најмалку 100 здравствени работници, но дека владата не им обезбедила осигурување.


Во штрајкот учествувале 10 синдикати, меѓу кои и претставници на возачите на возилата за Брза помош како и готвачите во здравствените установи.

Поголемиот дел од нив по договор со владата на индиската држава работат за месечна плата од 40 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk