Раперот ја фрлил Греми наградата во ВЦ шолја, па уринирал врз неа - со овој гест сакал да порача само едно нешто

Супермен

17/09/2020

14:42

3.515

Големина на фонт

а а а

Канје Вест во последните неколку дена предизвика хаос на Твитер, говорејќи дека музичката индустрија е новото робовладетество и дека нема да објавува нова музика се додена не му истечат „експлоатирачките“ договори со музичките куќи.

Сега Вест ги објави сите страници од својот договор во целост на оваа социјална мрежа и ги повика и другите музичари да го направат истото. 

„Компаниите не сакаат да кажат колку вредат „господарите“ бидејќи знаат дека можам да ги купам сите“, порача Вест.

Откако споделил 10 страници од својот договор, контроверзниот рапер објави и видео снимка на која се гледа како уринира врз една од неговата 21 Греми награда.

Канје во друг твит го открил и личниот телефонски број на уредникот на магазинот „Форбс“, Рендал Лејн.

„Ако сакате да контактирате бел супрематист, јавете му се на Рендал“, напишал Вест, оставајќи го телефонскиот број на уредникот на милиони следбеници.

Твитер има строга политика против објавување на туѓи лични податоци, адреси и телефонски броеви на платформата, па затоа му го блокирале Твитер профилот на раперот на 12 часа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk