Од русокосото момче малку остана: „Драко“ со својот боемски изглед денес ги шармира своите обожаватели ширум светот

Супермен

22/09/2020

14:32

3.607

Големина на фонт

а а а

Том Фелтон, кој што се прослави со улогата на Драко Малфој во серијалот за Хари Потер, го слави својот 33-ти роденден.

Британскиот актер Том Фелтон, го запознавме во далечните денови, како мало момче кое што ја толкуваше улогата на злобниот волшебник Драко во филмскиот серијал за Хари Потер, и кој како и останатата млада филмска екипа оствари голем успех.

Од првото филмско продолжување за Хари Потер, поминаа 19 години, младите актери пораснаа, а некои од нив целосно се променети.

Меѓу нив е и Том Фелтон кој што денеска го слави својот 33-ти роденден.


Том често објавува моменти од приватниот живот, а меѓу последните фотографии кои што ги објавил била и онаа со Џејмс Фелпс како играат голф.

„Победи овојпат Весли“ - напишал кратко Том покрај фотографијата која што ги освоила неговите фанови, но и љубителите на серијалот за волшебниците.

Од русокосото момче остана малку, а актерот со својот шарм и изглед стекна многубројни обожаватели ширум светот.

Неговите фотографии во јавноста можеби понекогаш делуваат како да не се грижи премногу за својот изглед, но таков каков што е на многумина им се допаѓа, па поради тоа некои го споредуваат со боем.


Неодамна тој своите обожаватели на Инстаграм ги воодушевил со фотографија на која што го покажал своето извајано торзо.

„Како изгледаш така добро?“, „Престани да ги тераш луѓето да го сакаат Драко Малфој“, „Многу жешко“, „Ожени се со мене“, се само дел од коментарите кои што ги добил на таа фотографија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk