Серијата која го освои светот и освои 7 „Еми“ награди – делови од неа се снимени во Хрватска

Точка

22/09/2020

17:58

1.838

Големина на фонт

а а а

Серијата на HBO - „Succession“, чии делови од втората сезона се снимени во Хрватска, освоила седум „Еми“ награди, меѓу кои и онаа за најдобра драмска серија.

Во категоријата драмска серија освоила и „Еми“ награда за најдобра главна машка улога, најдобра улога на гостин, најдобар кастинг, најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра монтажа на фотографија.

Наградената сезона се снимала 12 денови во Хрватска, во текот на јули минатата година, првенствено на јахта во Чавтат и на островите Корчула и Шипан. Исто така се снимала и во Загреб и Риека.

Хрватска во тој дел од серијата претставена е како оригинална локација, дестинација која што семејствата ја избираат за одмор.

Сервисен продуцент на проектот била продуцентската куќа „Амбасада филм“. На снимањето во Хрватска работеле вкупно 613 луѓе, од кои 595 хрватски државјани.

Креатор на серијата е Џеси Армстронг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг