Манекенката Хајди Клум, меѓу останатото, позната е и како голем љубител на кучиња.
На една од последните нејзини објави на Инстаграм, Хајди позира целосно гола, лежејќи на под покрај своето куче Антон.
„Одиме, Антон“, напишала под фотографијата, а интимниот дел го покрила со емотикон од праска.
Хајди неодамна ја деактивирала опцијата за коментирање на Инстаграм, така што нејзините следбеници не можеле да напишат ништо под оваа необична фотографија.
Манекекнката во својата вила во Лос Анџелес живее со четири кучиња. Покрај Антон, тука се Макс и Фреди, додека нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулиц, ја донел и својата кучка Скоти.