Снимка која ќе ви ги стопи срцата: Оваа баба просела на улица – момче направило едно нешто кое што друг никој не сакал да го направи

Супермен

24/09/2020

16:02

2.500

Големина на фонт

а а а

На сите нас ни е потребен некој кој што ќе се грижи за нас. Поголемиот дел од луѓето кога ќе видат некои постари луѓе како просат, само ја вртат главата и продолжуваат по својот пат.

Но, исто така постојат луѓе кои што им помагаат и кои што се загрижуваат кога тие нема да се појават на своите вообичаени локации.

Токму тоа се случило кога никој не ја видел оваа 73-годишна бабичка на својата вообичаена локација во Загреб.

Грижата преминала во акција. Нејзината фотографија била објавена на популарната Фејсбук страница „Zagreb te zove“, заедно со молба луѓето кои што ќе ја видат бабата да пријават.

Само неколку часа подоцна објавена била снимка од средбата на едно младо момче и бабата која што кај некои луѓе ја вратила вербата во човекот - барем накратко.

„Ова беше објавено поради тоа што оваа баба не можевме долго да ја најдеме на нејзината вообичаена локација. Се загрижив дека нешто ѝ се случило, можеби корона... Три седмици не можевме да ја најдеме, јас повеќе пати ја барав затоа што имавме храна за неа, па пративме апел за да ја пронајдеме“ - раскажал човекот.

„Оваа баба исклучително бара храна, а не пари. Нејзините желби се навистина скромни: млеко, јогурт, качамак, леб. Иако многумина по објавата сакаа да донираат пари, сепак бабата не сакаше, таа никогаш не сака да земе пари, а не зема ниту социјална помош, тоа сега се решава...

Ова не е единствена таква баба, но тука во Загреб има круг луѓе кои што им помагаат нив. Ова е 21-ви век, а некој сака само леб, па поради тоа доколку не сакаш да им помогнеш на ваквите луѓе, тогаш немој ниту да ги понижуваш“ - порачало момчето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk