Починатиот актер ѝ дал дел од хонорарот на својата колешка бидејќи продукцијата одбила доволно да ја плати

Супермен

30/09/2020

19:06

2.137

Големина на фонт

а а а

Актерката Сиена Милер, присетувајќи се на својот колега и холивудска ѕвезда Чедвик Боузман, кажала дека тој ѝ дал дел од својата плата кога работела на филмот „21 Bridges“ бидејќи не сакале да ѝ платат онолку колку што барала.

Сиена и Чедвик глумеа детективи во трилерот кој е објавен минатата година, а поради разликата во хонорарот која во Холивуд е вообичаена кога станува збор за мажите и жените, Боузман одлучил да ѝ даде дел од својот хонорар на Сиена за да ја „ублажи“ половата нерамноправност. 

Милер рекла дека на сите им е јасно дека во Холивуд владее нееднаквост и поради тоа не барала превисок хонорар, меѓутоа не ја добила ни цифрата која ја побарала.


„Чедвик на крајот донираше дел од својата плата за јас да добијам онолку пари колку што побарав и ми рече дека заслужувам толку да ми биде платено“, се присетила таа и додала дека тој потег е невиден во филмската индустрија.

„Стануваше збор за неверојатна работа. Такво нешто едноставно не се случува. Тешко е и да се замисли некој друг маж да постапи на тој начин со толкава почит кон колешка“, рекла Милер.

Ѕвездата на „Black Panther“ почина претходно оваа година од рак, а филмот „21 Bridges“ на кој беше и продуцент, е еден од последните кои ги снимил пред да почине.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk