Машки ПМС постои – баш поради него обожуваат секс наутро

Супермен

16/10/2020

16:48

1.784

Големина на фонт

а а а

„Животот сепак е праведен“ - изјавиле жените чиј циклус трае еден месец, додека пак кај мажите тој се повторува секој ден.

Ова тврдење го изнеле научници, објаснувајќи дека сите луѓе понекогаш се „робови“ на своите хормони.

На жените често им се префрла поради менструалниот циклус кој што им го диктира нивното расположение, а тоа најчесто го изговараат мажите.

Имено, научниците откриле дека припадниците на посилниот пол исто така се под големо влијание на своите хормони. Само, разликата од жените е тоа што тие поминуваат низ целиот свој циклус во само еден ден - секој ден од животот.

Утрински дел од циклусот - настапуваат тестостероните

Кога мажот наутро ќе се разбуди, неговите тестостерони се на врвно ниво, што го прави полн со енергија, дружељубив, расположен и подготвен за брза реакција. Тестостероните исто така го прават да биде посклон кон лутење, што значи дека сè што вообичаено им пречи, наутро им претставува најголема провокација.  

Освен тоа, целиот тој состав на тестостерони кој што го преплавува неговото тело и го покренува либидото, објаснува зошто мажите сакаат утрински секс, без оглед на сè.


Попладневен дел од циклусот - средно ниво тестостерони

Иако не е на дното, сепак во средината на денот нивото на хормони се наоѓа исто така на некаква средина. Поради тоа мажите често се поподготвени на соработка со други и постигнување договор. Иако не ја имаат истата енергија како наутро, тоа е одлично доба од денот мажот да оди да спортува затоа што така нема да бидат премногу доминантни ниту пак премногу подредени.

Вечерно ниво тестостерони - мажот е речиси како жена

Во ова доба од денот во која што нивото на тестостероните е најниско, мажот е поемотивен, поранлив, повеќе сака да се гали. Поголеми се шансите да прави нешто што вообичаено не би го правел, а за сите оние кои што се склони на манипулација тоа е одличен период од денот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk