Се прослави преку врската со постариот маж – сега ги изнесе деталите од тој однос: „Имавме оргии, а секоја вечер нè фотографираше“

Супермен

20/10/2020

11:36

15.103

Големина на фонт

а а а

Поранешната Плејбој зајачица Холи Медисон, неодамна објавила фотографија од Лос Анџелес во предизвикувачко издание - краток црн фустан, покажувајќи дека и на 40 години има прекрасна фигура и витки нозе.

Инаку, Холи се прослави преку врската со покојниот Хју Хефнер, основачот на култниот магазин „Playboy“, а од него била помлада дури 53 години.

Атрактивната русокоса живеела во контроверзна „Плејбој вила“, а тоа искуство го опишала во книгата која што изобилува со шокантни детали.


Имено, таа тврдела дека морала да учествува во бизарни групи еротски ритуали. Исто така, истакнала дека Хју ја фотографирал и неа и многу други девојки, секоја вечер пред излегување, а во текот на утрешниот ден им испраќал фотографии со забелешки на нивниот изглед за тоа дека погрешно биле средени - во однос на облеката и шминката.

Госпоѓата Медисон не запрела таму со изнесувањето на вистината - таа раскажала дека Хју ѝ понудил дрога на првиот состанок, на што таа му рекла дека не ја користи.

„Ми рече: „Инаку, не одобрувам дрога, но овие таблети во 70-те години ги нарекуваа „отворач на бедра““ - напишала Холи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk