Славниот актер открил дека му е дијагностициран рак на лимфниот систем

Супермен

20/10/2020

11:51

1.777

Големина на фонт

а а а

Актерот Џеф Бриџис објави на социјалните мрежи дека му бил дијагностициран лимфом.

„Како што би рекол Д Дуд, ново с*ање излезе на виделина. Дијагностициран ми е лимфом. Иако тоа е сериозна болест, имам среќа што имам одличен тим на доктори и прогнозите се добри. Започнувам со лекување и ќе ве известувам за моето закрепнување“, напишала ѕвездата на филмот „Big Lebowski“. 

Тој се заблагодарил на поддршката и молитвите и ја искористил тешката ситуација за да ги потсети Американците да не забораваат да гласаат на претстојните претседателски избори.

„Благодарен сум на љубовта и поддршката кои ми ги пружаат семејството и пријателите. Ви благодарам за вашите молитви и добри желби. И додека го имам вашето внимание, ве молам не заборавајте да гласате. Бидејќи сите заедно сме во ова“, порачал Бриџис. 

Лимфомот е најчест облик на рак на лимфното ткиво кое има голема улога во заштита од инфекции бидејќи е составен дел од одбранбениот систем на организмот и истиот спаѓа во десетте најчести видови на малигни болести.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk