Тие не се помеѓу најдобрите на сите времиња: „Франс Фудбал“ изостави големи имиња, дали направиле грешка?

Супермен

20/10/2020

13:22

1.957

Големина на фонт

а а а

Оваа година, „Франс Фудбал“ нема да ја додели Златната топка за најдобар фудбалер на светот за 2020 година, но ќе додели друга награда - идеален тим на сите времиња.

Сепак, дека ова е многу тешка задача покажува и тоа што помеѓу номинираните се најдоа само 110 фудбалери од историјата на фудбалот, а многу големи ѕвезди не го пронашле своето место. 

„Франс Фудбал“ одлучил за секоја од 11-те позиции во фудбалот да номинира по 10 играчи, пред да го одбере идеалниот тим во формација 3-4-3.

Сепак, шпанската „Марка“ направила листа на сите оние играчи кои можеле да се најдат помеѓу номинираните, а не се.

Помеѓу нив се дури 12 играчи кои самиот „Франс Фудбал“ ги прогласил за најдобри, своевремено доделувајќи им Златна топка. Тоа се Омар Сивори, Денис Ло, Флоријан Алберт, Алан Симонсен, Паоло Роси, Игор Беланов, Жен-Пјер Папен, Мајкл Овен, Павел Недвед, Андреј Шевченко, Кака и Лука Модриќ.

Помеѓу играчите кои „Марка“ исто така ги споменува, а не се на листата се и Карлес Пујол, Раул Гонзалес, Франсиско Хенто, Фернандо Торес, Оливер Кан, Дани Алвеш, Габриел Батистута, Давид Виља, Хавиер Занети, Уго Санчез, Диего Форлан, Фалкао...

Некои од овие имиња се, сепак очекувано изоставени, ако земеме предвид дека само 11 играчи ќе можат да се наречат членови на најдобриот тим на сите времиња.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk