3 навики на најголемиот гениј: Вака Тесла го вежбал својот мозок со кој создаде трајни работи

Супермен

16/11/2020

14:12

2.206

Големина на фонт

а а а

Никола Тесла беше еден од најголемите генијалци, меѓутоа многумина и денеска се прашуваат што допринело во сето тоа?

Никола Тесла е најпознат поради доприносот во осмислувањето на електичниот систем на наизменична струја, но освен тоа, за неговото име се поврзуваат и уште околу 300 најразновидни изуми.

Во текот на животот Тесла константно работел на проекти и често ги реализирал докрај. Во последниве години овој гениј стана еден од милениците на интернет. Тесла имал и чудни навики, како спиење само по два часа во текот на денот.

Сепак, тоа што го остварил би било невозможно без работите кои што константно ги применувал.


„Добро размислете пред да направите нешто“

Никола Тесла често кажувал дека може да замисли многу работи уште пред да ги направи скиците за нивната реализација. Овој процес на визуелно размислување не им е својствен на сите луѓе, но е основна идеја со која треба да се сконцентрирате на конечниот производ.

За креативно размислување често неопходно е да се опуштите и да поработите на проблемот во својата глава.

„Одете на прошетки“

Познато е дека одењето на прошетки има свои предности кога станува збор за креативноста. И Тесла имал такво размислување, иако прошетките станале дел од опсесивно компулсивното однесување, сепак неколку од своите изуми ги создал во текот на прошетките. Една од нив била идејата за наизменичната струја.


„Своите проблеми решавајте ги сами“

Како и многу други иноватори икреативни лица, и Тесла ја застапувал тезата дека треба да бидете осамени во текот на создавањето и размислувањето. Ова е еден од неговите цитати: „Умот е поостар и поконцентриран во непрекината самотија. За размислување не е неопходна било каква голема лабораторија. Оригиналот пристигнува во самотија која што ослободува влијание кое што ни штети на креативниот ум. Бидете сами, тоа е тајна на изумителите, бидете сами, тогаш се раѓаат идеи“, зборувал овој гениј своевремено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk