Валеријаната уште одамна се користи за ублажување на напнатоста и против несоница, а еве уште кои позитивни влијанија ги има таа и за што помага.
Валеријаната често се нарекува и „природен лек за смирување“, а оваа билка се користела уште од антички времиња. Иако веројатно сте слушнале за нејзиното благотворно дејство, можеби се прашувате дали навистина е ефикасна и дали е безбедно да ја користите доколку сте нервозни и патите од несоница?
Што е валеријана?
Валеријана (Valeriana officinalis) е билка која што е по потекло од Азија и Европа, а денеска се одгледува ширум светот. Цветовите од валеријаната се користат со векови за правење парфеми, а коренот од оваа билка во традиционалната медицина се употребува најмалку 2.000 години.
За разлика од цветовите кои што имаат деликатен мирис, коренот од валеријана има моќен мирис, а благодарение на содржината, смирувачките ефекти ги има со изобилство. Интересно е името валеријана кое што е изведено од латински јазик „valere“, што значи „да бидеш јак“, или да бидеш „здрав“.
Екстрактот на коренот од валеријаната е достапен и во течна форма, во капсули, а може да се консумира и како чај.
Коренот од валеријана содржи многубројни компоненти кои што помагаат во ублажувањето на анксиозноста, меѓу нив валеренската и изовалеренската киселина како и различни антиоксиданси. Валеријаната исто така привлекла и големо внимание во науката благодарение на интеракциите со гама аминобутерната киселина (GABA).
Истражувањата покажале дека ниското ниво на GABA е поврзано со акутниот и хроничен стрес и со анксиозноста и проблемите со спиењето.