[ФОТО] Бугарка со најголеми усни во светот трпи силни болки: Лекарите одбиваат да ѝ пружат помош

Точка

06/07/2025

13:13

1.652

Големина на фонт

а а а

„Моите родители и баба и дедо постојано ми велат дека изгледам страшно. Но, не ми е гајле. Мое тело – мој избор“, вели Андреа.

Во свет каде што границите на естетските процедури секојдневно се поместуваат Андреа Иванова од Бугарија отишла чекор понатаму – всушност, цела еволуција понатаму.

Нејзините усни, за кои тврди дека се „најголеми во светот“, станале нејзин заштитен знак, но и причина зошто денес трпи неподносливи болки.


Покрај тоа, лекарите дури одбиваат и да ја лекуваат, а нејзиниот случај поставува важно прашање: каде е границата помеѓу слободата на избор и медицинскиот ризик?


Повеќе од 20.000 евра и безброј инјекции

Андреа има 28 години и вели дека секој месец вбризгува нови филери за да ги одржи усните „свежи“. Таа тврди дека досега потрошила повеќе од 20.000 евра за својот изглед. Сепак, и покрај предупредувањата на лекарите дека постојаните вбризгувања можат сериозно да го загрозат нејзиното здравје, таа не престанала.


Неподнослива болка и недобивање помош

Неодамна, додека јадела чоколадо со лешници, скршила заб – што како што рече таа, предизвикало „неподнослива болка“. Сепак, двајца стоматолози во Софија одбиле да ѝ помогнат – токму поради големината на нејзините усни.


„Ми рекоа дека не можат да ми пружат помош бидејќи моите усни им пречат во работата. Се чувствував понижена и отфрлена“, изјави Андреа.

Исто така таа призна дека нејзиното семејство не го одобрува нејзиниот изглед.

„Моите родители и баба и дедо постојано ми велат дека изгледам страшно. Но, не ми е гајле. Мое тело – мој избор“, истакна Андреа.

Додека лекарите ја отфрлаат во нејзината татковина, Андреа ја разгледува можноста да отпатува во странство за да го добие потребниот третман.

„Се надевам дека ќе успеам да го решам проблемот пред да отпатувам во Венеција за две недели“ додаде Бугарката.