Ставен на црна листа: Зошто Холивуд не го поднесува легендарниот Херкулес?

Супермен

23/11/2020

15:56

4.187

Големина на фонт

а а а

Сите го запознавме како силниот Херкулес од серијата „Hercules: The Legendary Journeys“, но актерот Кевин Сорбо не може да се пофали со моменталниот статус во Холивуд.

Имено, актерот во последно време е „гласен“ на Твитер кога станува збор за политичките ставови преку кои отворено го поддржува Доналд Трамп, изградба на ѕид на границата со Мексико и забрана на абортус. Тој тврди дека е ставен на црната листа во Холивуд токму поради неговите ставови од кои не се откажува. 

Следбеникот на Доналд Трамп и критичарот на Демократите ги поминува деновите така што без заддршка ги изнесува своите политички ставови на социјалните мрежи.


„Партијата која го става абортусот пред животот, имигрантите пред своите граѓани и бегалците пред своите воени херои ќе ми држи лекции за морални вредности. Не би се сложил“, стои во една негова објава на Твитер.

Многумина дознаа за неговите ставови во 2014 година кога глумеше во филмот „God's Not Dead“ кој се занимава со религија и во кој глуми професор кој воедно е и атеист и ги тера своите студенти да потпишат изјава дека Бог е мртов.

Некои следбеници отворено му приговараат поради ставовите на социјалните мрежи и со него водат расправи. Сорбо коментирал дека жените немаат право да бидат навредени од сексуалното вознемирување на Трамп бидејќи тие се оние кои во голема мера ја купуваа „50 нијанси сиво“.

„Ако жените се вознемирени од зборовите на Трамп, кој тогаш купи 80 милиони примероци од '50 нијанси сиво'?“, изјавил Херкулес во една прилика.

Еден од последните испади на Кевин Сорбо е поврзан со правото на поседување и носење оружје кое во САД е обезбедено со вториот амандман од Уставот.

„Ако мислите дека коронавирусот е страшен, почекајте да видите што може да направи владата со невооружените граѓани“, напишал Кевин.

Сорбо пред 2 недели учествувал во снимањето на документарниот филм „Leaders for Life“ кој го фали напредокот на Доналд Трамп во борбата против абортусот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk