Која е тајната на формата на Ибра во 40-та година?: „Прави склекови додека седам врз него, а имам доста килограми“

Супермен

24/11/2020

15:42

2.580

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола, изјави дека фудбалерот е во одлична физичка форма и покрај тоа што има 39 години и прави склекови додека тој седи врз него.

„Златан е во одлична форма и понекогаш прави склекови додека седам врз него, а јас имам доста килограми. Тој би можел да игра до својата 50-та година, но сака да игра само во силни лиги“, изјавил Раиола за холандскиот дневник „Volkskrant“. 


Иако има 39 години, Златан Ибрахимовиќ одлично игра во дресот на Милан, кој по 8 кола е првопласиран во италијанското првенство, а шведскиот голгетер е најдобар стрелец во Серија А со 10 погодоци. Во неделата постигна 2 гола во победата на Росонерите против Наполи (3:1), но се здоби со повреда на левиот бедрен мускул поради која ќе паузира 10 дена.

„Ибрахимовиќ поставува стандарди од кои клубовите со години профитираат. Каде беше ПСЖ пред него, каде беше Милан? Тој го подигна Милан од мртвите и сега е 90 отсто од тој тим“, оценува менаџерот.


По ПСЖ и Манчестер Јунајтед, Ибрахимовиќ речиси 2 години беше дел од американската МЛС лига, играјќи за ЛА Галакси, но на крајот на декември 2019 година се врати во Милан, чиј дрес веќе претходно го носеше две сезони (2010-2012).

„Замина во ЛА Галакси бидејќи сакаше да живее во Лос Анџелес со семејството. Но, од играчки аспект, тоа беше катастрофа. Златан секогаш сака да победува, без оглед дали станува збор за фудбал или видео игри, а неговите соиграчи во ЛА Галакси ја немаа таа желба за победи“, додал Раиола.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk