Тој е помеѓу најбогатите луѓе на светот, но сепак вели: „Мојата вечера за Денот на благодарноста би ја јадел во Мекдоналдс“

Супермен

27/11/2020

11:10

1.105

Големина на фонт

а а а

Ворен Бафет, познат инвеститор и извршен директор на компанијата „Беркшир Хатавеј“ се пошегувал дека денес би јадел во Мекдоналдс за Денот на благодарноста доколку американската влада не им помогнеше на банките во 2008 година.

Како што вели Бафет, би бил соочен со брза храна и би бил приморан постојано да ја консумира. Иако, додава, не би имал ништо против тоа бидејќи вообичаено и онака купува појадок во овој ланец на ресторани на пат кон работното место. 

Инаку Ворен Бафет е горд сопственик на златна картичка од Мекдоналдс, што значи дека може да јаде бесплатно во рестораните на компанијата во Омаха, неговото родно место.


Милијардерот претходно се пошегувал во едно интервју дека денес сигурно би го прославил Денот на благодарноста со Биг Мек, помфрит и милкшејк доколку американските власти не ги спасеа банките во 2008 година.

„Да не делуваше владата, ќе вечерав во Мекдоналдс за Денот на благодарноста“.

Гејтс „умрел“ од смеа

Милијардерот и инвеститор укажал на огромната закана која ја претставувала финансиската криза во 2008 година.


Бафет вообичаено купува појадок од Мекдоналдс во текот на утринското возење до канцеларија, и тоа појадува јајца, сланина и сирење. Никогаш не ја криел својата љубов кон овој познат ланец на ресторани за брза храна, па дури и кога го поминувал своето време со Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе на светот.

Гејтс и Бафет во една прилика отпатувале во Хонгконг и се одлучиле да одат на ручек во Мекдоналдс. Бафет се понудил да ја плати сметката, ја ставил раката во џеб и извлекол - купони за попуст, по што Гејтс „умрел“ од смеа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk