[ФОТО] Бред Пит (62) се појавил на проекција: Неговиот стајлинг привлече големо внимание

Супермен

10/09/2026

17:10

306

Големина на фонт

а а а

Бред Пит (62) во вторникот се појавил во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“ (Срцето на ѕверот).

Актерот во студиото „Парамаунт“ делувал опуштено и добро расположено, иако неговите односи со дел од децата веќе подолго време се нарушени, а неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли неодамна повторно зборувала за нивниот семеен живот, пишува „Дејли мејл“.


Се појавил во лежерна комбинација

За настанот избрал лежерна модна комбинација. Носел индиго дуксер од брендот „Мезон Марџела“ со детали што потсетуваат на капки бела боја, како и темносина шапка.


Комбинацијата ја надополнил со избледени фармерки со закрпи и патики во лимета боја. Брадата му била уредно потстрижена, а носел и авијатичарски очила за сонце со необична, аглеста рамка.


Семејни односи

Опуштеното појавување на Пит во јавноста доаѓа во период кога и понатаму многу се зборува за неговите односи со децата. Тој и Џоли имаат шест деца, три биолошки – Шајло (20) и близнаците Нокс и Вивиен (18) – и три посвоени деца, Медокс (25), Пакс (22) и Захара (21).


Неколку од нивните деца во последниве години престанаа јавно да го користат презимето Пит, додека Шајло во 2024 година и официјално побара тоа да биде отстрането од нејзиното презиме.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk