Еве зошто и кога римскиот водач Цезар ја кажал познатата реченица: „Коцката е фрлена“

Супермен

27/11/2020

15:17

4.979

Големина на фонт

а а а

На 26-ти ноември во 49-та години пред нашата ера, Гај Јулиј Цезар со својата 11-та легија ја преминал реката Рубикон, со што тој и неговите легионери по римскиот закон автоматски биле осудени на смрт, а токму оттогаш е позната изреката „коцката е фрлена“.

Изреката „да се премине Рубикон“ и денеска значи да се донесе некаква ризична и тешка одлука по која нема назад. Имено, Рубикон била река преку која што ниту еден римски војсководец не смеел да ја поведе својата војска.

Таквиот пропис бил наменет за заштита на Рим од воените диктатори кои што би можеле да ја наметнат нивната власт заземајќи го градот со своите воени сили.


Цезар донел одлука да ја премине реката. Наводно, тогаш тој ја изјавил познатата изрека „Коцката е фрлена“ (латински: Alea iacta est), затоа што немало враќање назад по тоа што го направиле.

Интересно е тоа што тој не е првиот кој што ја изговорил таа реченица, туку ја презел од Менандер, неговиот омилен писател од Грција.

Меѓутоа, Цезар успеал да победи во таа тогашна граѓанска војна, а поради тоа што Сенатот побегнал од Рим, смртната казна над нив не била извршена. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk