Горан Пандев прогласен за Маж на годината: Избрани најуспешните мажи за 2020 година

Супермен

30/11/2020

12:14

1.725

Големина на фонт

а а а

Овогодишниот избор за Мажи на годината, поради коронавирусот и пандемијата која го зафати целиот свет, се одржа во сосема поинакво издание од претходните.

Оваа година, настанот се емитуваше на МРТ1 и беше во формат на телевизиско шоу, притоа почитувајќи ги сите протоколи за заштита од страна на медицинските власти. На настанот организиран од „Џентлмен магазин“ и „Фрајдеј комуникации“ беа доделени награди за најуспешните мажи во земјата во 13 категории. 

За маж на годината за 2020 година е прогласен капитенот на фудбалската репрезентација кој со своите 37 години за првпат ја однесе Македонија на Европското првенство – Горан Пандев.

Маж на годината за 2020 година отиде во рацете на човекот кој успеа да донесе радост на целата нација. Човекот кој успеа...

Posted by Мажи на годината on Sunday, November 29, 2020

Наградата за Менаџер на годината ја понесе Петар Денковски, генерален директор на Веро, наградата за Млад менаџер на годината отиде кај Владо Цекиќ, а за Маж странец во Македонија за 2020 наградата заслужено отиде во рацете на Билал Суџибаши, генералниот директор на ХалкБанк.

За Маж со стил за 2020 година е избран Пако Радовановиќ, архитект, а во изборот на Маж на годината според социјалните медиуми наградата отиде кај хуманитарецот Али Февзи.

✨МАЖ НА ГОДИНАТА ВО ИЗБОР НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ✨

Неуморен хуманитарец кој придонесува за едно подобро општество. Овој...

Posted by Мажи на годината on Sunday, November 29, 2020

Оваа година стручното жири одлучи наградата за Маж со најголем придонес во општеството да отиде во рацете на целокупниот медицински тим кој неуморно се бори веќе 9 месеци со невидливиот противник. Во нивно име, наградата ја подигнаа д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и Милица Бубало, раководител на Брзата помош.

Наградата за Маж со најголем придонес во спортот припадна на Македонската Фудбалска Репрезентација, а наградата ја подигна селекторот Игор Ангеловски Мрме. Маж со најголем придонес во културата за 2020 година е Џијан Емин, за Хедонист на годината е прогласен Ѓорѓи Дамјановски, бизнисмен, а Маж на годината до 40 години е Радован Витошевиќ, генерален директор на МајВорлд.

✨МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА ДО 40 ГОДИНИ ЗА 2020✨

Наградата за Маж на годината до 40 години од во рацете на Radovan Vitosevic,...

Posted by Мажи на годината on Sunday, November 29, 2020

За Маж со трајни вредности е избран нашиот познат музичар Влатко Стефановски кој неуморно низ годините ја претставува Македонија низ светот. Маж на годината за 2020 година во избор на организаторите отиде во рацете на селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски Мрме.

✨МАЖ НА ГОДИНАТА ВО ИЗБОР НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ ЗА 2020✨

Непоправлив оптимиста. Човек кој неуморно веруваше во успех на...

Posted by Мажи на годината on Sunday, November 29, 2020

Мажи на годината е настан кој се организира со цел да ги обедини и поврзе на едно место најуспешните мажи во Македонија, да ги промовира добрите навики и успеси кои ќе бидат вистински мотив за секој од нас. Овој настан има за цел да го подигне квалитетот на животот и личниот развој кај секој од нас, истовремено оставајќи позитивна слика во јавноста.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk