Овој изум во иднина ќе спасува животи

Супермен

01/12/2020

10:46

3.827

Големина на фонт

а а а

Новата електронска кожа останува непроменета дури и откако ќе се растегне до 28 пати во однос на оригиналната количина.

Материјалот кој што во целост ја имитира човечката кожа, е доволно моќен и растеглив, но истовремено и чувствителен, а може да се користи и за собирање на биолошки податоци во реално време.

Електронската кожа (е-кожа) би можела да добие важна улога во простетиката, потоа во персонализираната медицинa, т.н. мека роботика, како и во полето на вештачката интелигенција, пренесува „Tech Xplore“.

Овој материјал е дел од научниците од саудискиот Научно-технолошки Универзитет на кралот Абдулах, кои што тврдат дека е-кожата е во состојба да ја имитира функцијата на човечката кожа, како што е чувство на допир и топлина, односно ладно.

Од сличните материјали се разликува поради тоа што содржи 2Д сензори кои што иако се направени од механички цврст материјал, се многу тенки, што на е-кожата ѝ овозможуваат функционалност и издржливост.

Реалистичната е-кожа направена е од хидрогел, помоќни наночестички на сицилиум-диоксид и 2Д титаниум карбид, а сето тоа е поврзано со нано жици.

Таа е во способност да почувствува предмети на оддалеченост од 20 сантиметри, да одговара на стимулансите за помалку од една десетинка, а доколку се користи како сензор за притисок би можела да детектира и пишување со пенкало.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk