Како стигна на врвот? Илон Маск ги откри своите 6 тајни за успех во работата: „Биди горд на себе“

Супермен

15/01/2021

16:39

2.723

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“ е меѓу најбогатите луѓе на планетава.

Тој иако доминира на пазарот на електричните возила, сепак е и семеен човек. Тој е многу близок со својата мајка Маја, сестрата и братот и со својата нова избраничка и седумте синови.

Ова се тајните на успехот на Илон Маск:

1. Стои до ставот дека „не е сè во парите“. Кога новинар од „Би-би-си“ му правел интервју во 2014-та година, Маск не знаел да му каже колку пари има на сметка, поточно му кажал дека не знае колку е богат. Тој смета дека огромното богатство е оправдано само доколку потекнува од етичка причина – со некаква умисла.

2. Следење на сопствените страсти носи до успех. Маск вели дека ја основал „SpaceX“ затоа што постоечките вселенски компании не биле доволно амбициозни според неговиот вкус.


3. Не се плаши да сонува за големи работи. И, навистина... Овој Американец чиј IQ е 155 сака револуција во автомобилската индустрија, колонизација на Марс, создавање на супербрзи автомобили, се интересира за вештачката интелигенција во човечкиот мозок и промовира индустрија на соларна енергија и батерии.

4. Биди подготвен да ризикуваш. Она со што Маск се занимава не е конвенционалното, ниту пак глобално привлечно, а на почетокот не било ниту профитабилно. Сепак, ризикот се исплаќа.

5. Не се огласува на критиките, е мотото до кое што Маск строго „се држи“, инаку не би бил тука каде што денес е. Маск во училиште често бил несфатен и малтретиран, па поради тоа ги усовршил боречките вештини на само 15 години.

6. Уживај, биди горд на себе. Маск е познат работохоличар, постојано работи и е во своите фабрики, но знае и да ужива. Неодамна го доби својот седми син кој што во месец мај ќе наполни една година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk