На продажба исконскиот автомобил од серијата „Knight Rider“: Ова е цената, а на новиот сопственик – Хоф лично ќе му ги предаде клучевите

Супермен

15/01/2021

17:55

1.569

Големина на фонт

а а а

Доколку сте дел од 80-тите години и сакате автомобили, постои добра шанса американската серија „Knight Rider“ да ви била една од омилените во тоа време.

Како да ги заборавите познатите музички теми и моќните американски автомобили, особено Pontiac Firebird Trans Am, од 1982-та година – еден од најисконските автомобили во историјата на телевизијата? 

Доколку сте голем љубител на напредните „суперкомпјутери на тркала“, тогаш дефинитивно ќе ве интересира оваа ретка можност која што ви ја претставуваме, а се однесува на купување на еден од најпознатите автомобили од популарната серија.


Автомобилот моментално се наоѓа на аукција, а тоа што неговата продажба ја прави уште послатка е фактот што овој KITT автомобил го поседува никој друг освен Дејвид Хаселхоф лично.

Популарниот Хоф постави многу од предметите на аукција, вклучувајќи го и личниот KITT автомобил, додека тука се и други одредени спомени од познатата серија.

Колекцијата предмети поставена е на продажба во рамките на аукциската куќа „LiveAuctioneers“, а целиот настан е наречен „HOFF Auction“.

Американскиот актер споделил и видео на социјалните мрежи во кое што објаснува како ќе тече целокупнот процес и дава увид на се што е достапно за купување.


KITT дефинитивно е најскапиот предмет на неговата листа и неговата цена може да се движи од 175.000 до 300.000 долари. Меѓутоа, неверојатната машина досега добила четири понуди од кои најголемата изнесува дури 450.000 долари.

Еден од најпознатите автомобили на светот моментално се наоѓа во Велика Британија, а неговиот иден сопственик ќе ги сноси трошоците за транспорт, но Дејвид лично ќе му ги предаде клучевите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk