Најголемите грешки кои ги прават мажите лоши во сексот

Супермен

22/01/2021

17:15

2.933

Големина на фонт

а а а

Сексуалниот однос не е сцена од порнографски филмови и нема многу голема поврзаност со тоа. Затоа, не е ни чудно што некои мажи имитираат фрази и движења од такви сцени, што може да предизвика голема непријатност кај жените.

1. Забрзана работа на колковите како бормашина

Ако мажот со половиот орган нагло навлегува во девојката и се однесува како 'бормашина', тогаш веројатно нема искуство во спалната соба, тврди Клер Кавана, коавтор на книгат „Babeland's Guide to Mind-Blowing Sex“. Можеби брза бидејќи се плаши дека ќе ја изгуби ерекцијата или пребрзо ќе доживее оргазам. Дефинитивно се препорачува побавен ритам кој на жената ќе ѝ донесе повеќе уживања, додава сексологот.

2. Избегнување на клиторисот

Иако клиторисот повеќепати се нарекува волшебно копче, некои мажи го избегнуваат при сексуалниот однос. Пружете му на вашиот партнер краток водич за клиторисот или откријте кои допири најмногу ви одговараат. На мажот треба 'да му ја покажете вратата' ако го избегнува, бидејќи очигледно не е заинтересиран за женското задоволство во спалната соба, предупредува Клер Кавана.


3. Фалење со големината на пенисот

Жената ќе се олади од партнер кој за време на сексуалниот однос изјавува дека има огромен пенис и очекува од неа тоа да го потврди. Овој маж е арогантен или го компензира недостатокот на самодоверба предизвикан од големината на неговиот полов орган. Ако и понатаму сте заинтересирани за него, најдобро е да го смирите и да признаете дека неговата големина е совршена за вас, а после тоа сериозно поразговарајте со него, советува сексологот.

4. Инсистирање на оргазам

Некои жени не можат да достигнат оргазам секојпат кога имаат секс. Иако вреди да се постигне оваа цел, не е во ред да ѝ се врши притисок на партнерката, а посебно лошо ќе го сфати тоа ако истото прашање се постави гласно - зошто сè уште не го постигнала? На многу жени им треба стимулација на клиторисот за да постигнат оргазам. Ако со вообичаената техника не ги постигнувате посакуваните резултати, со претходен договор во спалната соба може да вметнете и вибратор или некоја слична играчка, предлага авторката.

5. Посегнување по мобилниот уред веднаш по достигнување на врвот

Некогаш жените се жалеле на мажите кои непосредно после достигнувањето на врвот се завртеле и заспале во кревет, но во денешно време сè повеќе има такви кои после секс посегнуваат по мобилниот телефон за да проверат што има ново на социјалните мрежи. Најдобро би било мобилните телефони да ги тргнете од спалната соба и така ќе спречите вакви ситуации кои можат да ги повредат женските чувства. Посегнувањето по мобилниот телефон е прифатливо само во итни случаи.

 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk