Роботот кој велеше дека луѓето треба да бидат уништени добива „семејство“: Пристигнуваат нови модели

Супермен

26/01/2021

17:08

1.380

Големина на фонт

а а а

За индустријата за роботика, корона кризата е огромна можност, а така размислуваат и во компанијата „Hanson Robotics“ од Хонгконг.

Можеби ова име не ви значи премногу, но токму тоа е компанијата која стои зад веројатно најпознатиот хуманоиден робот на светот – Софија, која, меѓу другото, се прослави со изјавата дека „луѓето треба да бидат уништени“.

Основачот и прв човек на компанијата, Дејвид Хансон, изјавил за странските медиуми дека светот по Ковид-19 ќе биде поинакво место во кое некои работи ќе се променат, а една од нив е и потребата за повисоко ниво на автоматизација.

Можностите што им се отвораат на роботите се големи, а и самата Софија вели дека роботите како неа можат да се користат во здравството, но и за негата на стари и болни лица.

Хансон вели дека неговите роботи се единствени затоа што навистина изгледаат како луѓе: ова може да биде многу корисно во овие времиња кога луѓето се чувствуваат осамени и социјално изолирани, пренесува „Zimo“.

Јохан Хорн, професор по социјална роботика кој ја проучувал и Софија, се согласува со ова. Тој вели дека иако самата роботика е сè уште во почетна фаза, пандемијата навистина би можела да ја зголеми поврзаноста помеѓу луѓето и роботите.

Сепак, здравството е само една од индустриите во кои роботите би можеле да помогнат, па Хансон најавил производство и продажба на илјадници роботи, „големи и мали“, за разни сфери на деловно работење – од авијација до малопродажба.

Еден од новите роботи кои ги развиваат е Грејс, кој ќе се појави на пазарот оваа година, а ќе биде наменет токму за здравствениот сектор.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk