Автомобил кој може да го собере во куфер: Ова е најмалата „Mazda“ на светот

Супермен

23/02/2021

11:19

1.408

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате автомобилски минијатури, овој автомобил едноставно не сакате да го заобиколите.

„Mazda“ е позната по своите иновации, но и големата креативност на нејзините инженери, па редовно знае да го изненади светот со своите по малку „откачени“ новитети. Еден таков новитет претставиле и кон почетокот на 1990-те години кога во Франкфурт на тамошниот саем за автомобили донеле класичен патнички куфер и го изложиле.


Неочекуваниот изложбен примерок предизвикал голем интерес бидејќи буквално станувало збор за најмалиот автомобил на светот. „Mazda Suitcase Car“, како што кажува самото име, бил токму тоа - автомобил во куфер, проектиран од страна на 7 инженери на компанијата кои во еден куфер сместиле се што е потребно за да биде во возна состојба.

Во куферот од „Samsonite“ со димензии 57х75 центиметри сместиле 3 тркала, волан, но и двотактен бензински мотор со зафатнина од 34 ццм. Со максимални 1.7 коњски сили, овозможувал брзина до 30 км/ч.

Вкупната маса на возилото изнесувала 32 килограми, што било една од причините зошто не го пуштиле во сериско производство. Којзнае, можеби денес со развојот на технологијата и електричните погони повторно ќе заживее некој сличен концепт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk