Маск на Твитер се пофали со амбициозниот план: Oвојпат не станува збор за „Tesla“ – што подготвува милијардерот?

Супермен

03/03/2021

09:44

1.449

Големина на фонт

а а а

Во огласот за „SpaceX“ за работните места на инженери во „Starlink“, наведено е дека се отвора „нов и модерен“ прозиводен погон во Остон.

Иако за Илон Маск првенствено ја поврзуваме компанијата за е-возила „Tesla“, неговата втора компанија - посветена на вселената, не е помалку успешна. „SpaceX“ има амбициозни планови за 2021 година.

Сега Маск планира да изгради нова фабрика во Тексас за својата сателитска широкопојасна услуга „Starlink“, судејќи според објавениот оглас во кој што се бараат инженери.

Значи, Маск не се откажува од вложувањето во оваа јужна американска држава.


Американскиот милијардер исто така вложува во уште неколку футуристички компании, како што се „Neuralink“ и „Boring“, а познато е дека кон крајот на 2020 година тој од Калифорнија се преселил во Тексас, поради даночни олеснувања.

Исто така тој тоа го направил за да се фокусира на новиот погон на произведување на електични автомобили. Маск не можел да зборува за проектите во Тексас, но се огласил на социјалната мрежа Твитер, па напишал:

„Creating the city of Starbase, Texas“.

Инаку, „Starlink“ планира мрежа од десетина илјади сателити во ниската земјина орбита кои што би пружиле побрз интернет. Маск претходно изјавил дека „Starlink“, чие седиште моментално е во Вашингтон - ќе биде главниот извор на финансирање на неговите понатамошни планови.

Пред сè мисли на развојот на ракетите „Starship“ за патнички летови на Месечината и евентуален обид за колонизација на Марс за што Маск зборува години наназад. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk