Прв светски хотел во вселената, но само за одбрани гости: Ќе поседува теретанa, ресторани, сала за настани...

Супермен

03/03/2021

13:11

2.302

Големина на фонт

а а а

Патувањето во вселената повеќе нема да биде ограничено само на астронаути. Милијардерите обрнуваат сè поголемо внимание на вселената, а богатите и славните купуваат односно ги букираат првите карти за комерцијални летови.

Сега или во многу блиска иднина е можно планирање одмор надвор од Земјата, а сè благодарение на првиот светски хотел во вселената кој би требало да биде отворен во 2027 година, за деловни цели.

„Orbital Assembly Corporation“ (OAC), компанијата која стои зад ваквиот амбициозен проект, неодамна открила нови детали за хотелот, а на социјалните мрежи наголемо се зборува за првите фотографии и снимки од истиот.

Единствениот, луксузен „Voyager Station“ ќе може да прими до 400 лица, а се претпоставува дека е првата комерцијална вселенска станица која работи по принципот на вештачка гравитација.

Потсетува на огромно тркало кое се ротира надвор од планетата и произведува различни нивоа на вештачка гравитација, со зголемување или намалување на брзината на ротација.


„Вештачката или симулирана гравитација е од суштинско значење за долгорочниот престој во вселената“, се наведува на официјалниот сајт.

Хотелот е дизајниран да го спои убавото и корисното, односно работата и задоволството. Сепак, ова незаборавно искуство ќе може да си го дозволат само неколкумина бидејќи изнесува до 25 милиони долари.

Станицата ќе има „Habitation Ring“, каде ќе бидат поставени низа големи, поврзани модули под притисок. Модулите во приватна сопственост ќе се користат за вили, хотели и комерцијални активности, додека оние во државна сопственост ќе служат за научни истражувања и обуки.


Хотелот на посетителите ќе им понуди врвни ресторани и барови, теретани, центар за разни активности како музички концерти и слично.


Концептот „Voyager Station“ е осмислен во 2012 година под „палката“ на „Gateway Foundation“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk