Дали се сеќавате на него? „Sinclair ZX81“ го слави својот 40-ти роденден

Супермен

05/03/2021

17:52

1.327

Големина на фонт

а а а

Денешниот „славеник“ нè потсетува на едни стари и можеби поубави времиња.

„Sinclair ZX81“ беше британски компјутер кој го виде светлото на денот на 5 март 1981 година. Тој е наследник на моделот „ZX80“ кој го делеше својот процесор на овие простори со познатата „Galaksija“.

Како и кај повеќето компјутери од тоа доба, „ZX81“ имаше видео-излез преку кој се поврзуваше со ТВ уред, а програмите се снимаа на касети. Микропроцесорот беше ист како и кај моделот „ZX80“, „Zilog Z80“, а и по дизајнот беше сличен на својот претходник.


Дури кога зборуваме за перформансите, сфаќаме колку технологијата напреднала за релативно кратко време. Овој уред поседуваше „неверојатни“ 1 KB RAM (кој се прошируваше до 64 KB) и 8 КB ROM, со вграден „Sinclair BASIC“ програмски јазик.

Тастатурата му беше сензорска, што и не беше баш популарно – доколку се расипе, би морале веднаш да набавите нова.


Дека „Sinclair ZX81“ беше огромен хит, докажува и фактот дека е продаден во околу 1.500.000 примероци – дотогаш невидена бројка во Велика Британија.

Секако, како што е секогаш случај, веднаш започнаа да се појавуваат и копии на пазарот, а изненадувачки факт е дека најмногу копии имало во Јужна Америка (Аргентина и Бразил), но и во останатите делови од светот.

Дали и вие сте го користеле овој микрокомпјутер?


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk